Map Graph

Попови Ливади (Сопот)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Попови Ливади или Стара Црква — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Сопот. Претставува средновековна населба и некропола. На 800 м североисточно од селото, на зарамнетото плато се гледаат остатоци - темели од сакрален објект со димензии од 10 × 5 м, насоченост исток-запад. Во непосредната близина на објектот се среќаваат големи камени плочи од гробни конструкции. Во нивата на еден жител, при обработувањето на земјата се јавува градежен материјал, но и фрагменти од керамички садови и питоси.

Read article